Во саботата во Штип во организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“, се организираше Егејска семакедонска вечер.
Настанот се одржа по повод денот на ослободувањето на градот Штип во ресторанот “Астибо Плаза”.
На настанот учество зедоа врвни уметници меѓу кои: Илчо јованов, Зоран Џорлев, Горанчо Ангелов-Гајда, Љупчо Стефанов-Цоцо, Иван Димков, КУД „Крушаре-Пазар“-Егејска Македонија, Трајко Димков, Марија Димкова, Васил Чамов, Панче Мусев и Академија Еуроарт.
На настанот се обрати Александар Поповски, почесен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот Дел на Македонија-Битола, борец за човекови права, пред се’ за Македонците во Егејскиот, Пиринскиот дел на Македонија, Мала Преспа и ширум светот.
Роден е 1932 гoдина, во с.Долно Котори, Егејска Македонија. Учесник во граѓанската војна во Грција од 1946-1949г. По егзодусот престојува во Русија каде и завршува воена академија и се стекнува со звање Генерал. Претседател на првото здружение, Здружение Македонците од Егејскиот дел на Македонија-Битола формирано 1973 година.
Во моментот е сенатор и почесен Претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот Дел на Македонија – Битола.