Српската национална радио телевизија во рамки на емисијата “Трезор”, емитуваше видео снимка од 1980 година од тогашната манифестација “Радостa на Европа”, каде по некоја случајност изјава дал Александар Вучиќ, денешниот претседател на Србија.
Вучиќ тогаш имал 10 години, а од видеото може да се забележи дека уште тогаш го бидувало и бил добар говорник.