Уште едно чyдо: Пожapoт дошол до самиот пpaг на цpквата и самиот се изгacнал (Видео)

Втора црква се спротивстави на пожарот во Грција.

По манастирот Свети Давид на Евија, кој остана недопрен иако изгоре сѐ околу него, пожарот беше изгаснат пред црквата Света Троица на Маратонското Езеро.

Пожарот што ја опустоши шумата и околните ридови стигна до црквата и за чудо изгасна сам, без да ги оштети храмот и дрвјата во портата.

Претходно на грчкиот остров Евиа, пожарот го заобиколи манастирот, а се наоколу пеплоса. Група монаси од манастирот Свети Давид не сакаа да се евакуираат, иако пожарот беше опасно близу до манастирот.

Старешината на манастирот за државната новинска агенција АНА-МПА изјави дека ситуацијата е многу тешка, дека пламените јазици се високи 30 до 40 метри во боровата шума и дека огнот го опколил манастирот.

Се гушиме од чадот, ова е кошмар, рече манастирскиот старешина.

Но вчера се случи вистинско чудо. Имено, на Фејсбук беше објавено дека е спасен Манастирот Свети Давид. Дали со помош на чудо, молитви кон Бога, пожарникари, среќа или нешто друго, огнот го заобиколи манастирот, пламените јазици не зафатија ниту еден објект! Возила паркирани на влезот, трева и дрвја беа изгорени, но ниту една просторија од манастирот не беше оштетена.

Се случи чудо во Евиа, пожарот го заобиколи манастирот, а се наоколу пеплоса. Група монаси од манастирот Свети Давид не сакаа да се евакуираат, иако пожарот беше опасно близу до манастирот.

Старешината на манастирот за државната новинска агенција АНА-МПА изјави дека ситуацијата е многу тешка, дека пламените јазици се високи 30 до 40 метри во боровата шума и дека огнот го опколил манастирот.

Се гушиме од чадот, ова е кошмар, рече манастирскиот старешина.

Но вчера се случи вистинско чудо. Имено, на Фејсбук беше објавено дека е спасен Манастирот Свети Давид. Дали со помош на чудо, молитви кон Бога, пожарникари, среќа или нешто друго, огнот го заобиколи манастирот, пламените јазици не зафатија ниту еден објект! Возила паркирани на влезот, трева и дрвја беа изгорени, но ниту една просторија од манастирот не беше оштетена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.