Уште една хумана акција на Гимназијата “Мирче Ацев”

bitola

Во чест на Св.Никола чудотворец – заштитникот на децата, со цел да се поттикнат учениците, вработените, но и сите други категории на граѓани на солидарност, хуманост и несебично да ги споделат своите материјални и духовни вредности, Младинската организација на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, спроведе хуманитарна акција преку собирање на секое останато денарче наместо во џеб, учениците да го остават во самоиницијативно направените касички од обоени тегли.
Собраните парични средства од учениците беа наменети за децата згрижени во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца – Битола. За децата обезбедени беа сретства за лична хигиена и пригодни подароци, но најголем подарок за нив беа песните и забавата кои за нив ги приредија нашите ученици. Песни со гитари, препознатливите цртани ликови Маша и Медвед и Мики Маус и повеќе шарени балони измамија искрени насмевки и радост кај децата а просторијата ја исполнија со среќа и љубов.

gimnazijalci-bitola

img_0197

img_0941

img_1046




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.