Уште една фабpика затвopeна во Пpилеп

Владата ги укина решенијата за одобрување за одгледување на канабиc за медицински цели на двете фирми – Пхарма ЕУ ЛЛЦ, едната во Прилеп и другата во Битола, вчера на владина седница.

Иако во соопштението не се откриваат детали за одземањето на лиценците, ова се случува еден месец по полициската акција во која беa запленети 200 килограми марихуана, во вредност од над 800.000 евра, а беа уапсени шестмина меѓу кои и командирот на полициската станица во Прилеп – Објави “Фактор”

Се тврдеше дека сите се вклучени во нелегални дејства и соработка со фирми за произиводство на медицински канабис од Прилеп и Битола.

Првичните претпоставки беа дека марихуaната била земена од овие две фабрики и требало да биде прошверцувана и продадена во селото Радобил, а потоа да заврши на нарко пазарот во Грција.

„На предлог на Министерството за здравство ги разгледа и усвои Информацијата за укинување на Решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштвото за производство, трговија и услуги „ПХАРМА ЕУ ЛЛЦ“, увоз-извоз, ДООЕЛ Битола – Подружница „ПХАРМА ЕУ ЛЛЦ“- Прилеп, како и Информацијата за укинување на Решението за давање на одобрение за одгледување на коноп за медицински цели на Друштво за производство, трговија и услуги „МЕДИЦАЛ 420“, увоз-извоз, ДОО Битола, стои во известувањето од Владата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.