Прилеп заслужува да има кошаркарски клуб во Првата лига. Во таа насока беше и посетата на нашиот град од страна на првите луѓе на КФСМ, доскорешните македонски кошаркарски ѕвезди, Перо Антиќ и Тодор Гечевски – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.
“Општина Прилеп и јас како градоначалник, го поддржуваме спортот и заедно со Кошаркарската федерација и Општинскиот кошаркарски сојуз, правиме напори за заживување на кошарката во градот.
Нашите напори за надминување на административните пречки за добивање на управување на Универзалната сала, која своевремено беше центар на сите најзначајни кошаркарски и ракометни збиднувања во нашиот град, за скоро ќе даде резултат. Во договор со Владата и Агенцијата за млади и спорт, најдоцна за еден месец Општина Прилеп ќе ја добие на управување оваа сала.
Она кое што во овој момент можам да го ветам, е дека веднаш штом тоа се случи, без никаков финансиски надомест Универзалната сала ќе им ја отстапиме за тренинзи на спортските клубови од градот.
Очекувам дека со тоа ќе се создадат услови за забрзан развој на прилепската кошарка и дека со тоа, овој многу популарен спорт ќе го добие местото кое го заслужува”, напиша Јованоски.
Кога сме кај рејтинзите, повеќе прочитајте во линкот во продолжение:
Бедни 1.1% доверба за прилепскиот Градоначалник? На рамниште со Рамиз Мерко од Струга