Република Гана го повлече признавањето на Косово, потврди министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ за “Прва ТВ”.
Дачиќ ја покажа нотата од Гана во која се наведува дека владата на оваа африканска држава донела одлука да го повлече признавањето на Косово и дека одлуката која ја донела претходната влада на Гана е погрешна.
Тоа е засега најголемата земја која го повлече признавањето на Косово, а преговорите помеѓу Србија и Гана траеле година и пол.
Гана е шеснаесетта земја која го повлече признавањето на Косово.