Уште една жpтва на “фамозната” прилепчанка: Му зела 1,6 милиони денари

После сторијата за 56-годишниот скопјанец Благојче Петревски, на кого љубовницата од Прилеп му одзела 3.000 евра, се појави уште една жpтва на “фаталната” прилепчанка како што ја нарекуваат.

Новинарката на “Сител ТВ”, Елена Милошевска, пренесува за уште еден маж кој останал без своите пари.

Се работи за 59-годишниот Цветан Крстески, на кого оваа жена му одзела милион и шестотини илјади денари, преку банкомат.

За измамата тој дознал откако отишол во банка да извади пари. Имал само 1000 денари на сметката. Таа самата признала дека ги извадила парите, а го излажала дека ѝ требале за операција на детето на нејзината ќерка.

Два месеци по овој настан таа си заминала без никаква најава, а парите не му ги вратила. Kрстески се пожали дека полицијата не презела никакви мерки.

Целата сторија погледнете ја на “СИТЕЛ ТВ”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.