-На 28.12.2025 во 03:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода И.Н.(34) од Прилеп. При сообраќајна контрола на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп е сопрено патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,65 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаjoт против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ – информираат од МВР.
























