Уште еден прилепски социјалдемократ кажа категорично “НЕ”

Поранешниот директор на ЈКП Водовод и канализација од редовите на СДСМ, Емил Јанески, порача не за бугаризација на Македонија.

-Само да го изнесам својот став за францускиот ( европскиот ) предлог. КАТЕГОРИЧНО НЕ!!! Не за асимилација на Македонскиот народ, не за бугаризација, не за негација на Македонскиот идентитет и засебност. Често зборуваме за идентитет како поим, а недоволно го објаснуваме. Јазикот е сигурно елементарно социетално идентитетско обележје, но не и единствено. Идентитетски обележја се и колективната меморија на народот ( ИСТОРИЈАТА ), преданијата, традицијата, обичаите, митовите…., се што еден народ го издвојува од другите народи и го прави посебен и засебен. Затоа, преговори Да, со модерни европски и цивилизациски вредности, бугаризација НИКАКО И НИКОГАШ. ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА! – напиша Јанески на својот ФБ профил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.