Уште еден пораз за Победа – Легендата кажа: “Не ве бидyва!”

Прилепска Победа веќе одамна не е тоа што треба да биди. Клубот се наоѓа пред предизвик да опстане во Втората лига-Исток, а дека црвено-белите не се на нивото, покажуваат и резултатите на пријателските натпревари.

Победа го победи Напредок од Крушеани, а доживеа порази од Вардар Неготино и Пелистер.

Деновиве со свој коментар се јави и поранешната фудбалска икона на Победа, Николче Здравески, кој на Фејсбук напиша:

“Е ова се критериуми…Освоена титула и куп како фудбалер, најдобар спортист на Прилеп, најдобар тренер во Македонија со освоено прво место во Македонија и финале Куп на Македонија со Победа, освоено прво место во втора лига и влез во Прва лига како шеф на стручен штаб на 11 Октомври.

И како шлаг на торта, со најдобрио на свет, Фабио Канаваро. Е за ова ви зборувам пофалете се што сте освоиле, а сакате…и не можите, и каков допринос сте дале за Победа и фудбало во Прилеп за да бидете нешто во фудбалот во Прилеп за да бидете нешто во фудбалот. Не ве бидува! За жал на фудбалски Прилеп”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.