Уште еден млад играч се врати во Прилеп: Давор Шокоски потпиша за РК Прилеп

Денес и официјално е ангажиран повратникот во екипата на Прилеп, Шокоски кој после само една сезона помината во екипата на Бутел Скопје се враќа во родниот град, во матичниот клуб Прилеп.

Шокоски настапува на левата бековска позиција но и одлилно се снајдува на позицијата среден бек. Шокоски последната полусезона ја помина како позајмен играч во редовите на Металург 2.

Шокоски е еден од најталентираните млади ракометари со кои Прилеп располага. Со сигурност ќе биде од огромно значење за составот на Горан Кузманоски.

Да му посакаме добредојде и успешна сезона со новиот клуб.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.