Уште еден медицински подвиг: Денеска успешно изведена втора операција на рбет во прилепската болница (ФОТО)

Со особено задоволство ја информираме јавноста дека денес, во нашата болница, беше успешно изведена втората сложена хируршка интервенција на рбетниот столб, повторно на лумбалниот сегмент. И оваа интервенција претставува важен чекор во континуитетот на развојот на ортопедско-хируршките услуги во нашиот регион – информираат од болницата “Борка Талески” на социјалните мрежи.

-Операцијата беше реализирана од Д-р Игор Мерџановски, во координација со колегите од Клиниката за ТОАРИЛУЦ, тимот од Одделението за ортопедија и трауматологија при нашата болница во Прилеп, како и анестезиолозите Д-р Маргарита Пирганоска и Д-р Александар Димитровски. Интервенцијата помина успешно, уредно и без компликации. На пациентот му посакуваме брзо и целосно закрепнување. Со оваа втора успешно изведена операција, уште еднаш ја потврдуваме нашата посветеност кон децентрализација на здравствените услуги и обезбедување квалитетна здравствена грижа поблиску до пациентите – стои во соопштението од прилепската болница.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.