Уште еден локален шериф: Градоначалникот на Лозово гаѓал вработени со стуткани флаери и се заканувал дека ќе брка луѓе кои биле против референдумот?!

Се чини дека нема крај на скандалите и диктаторските манири на локалните диктаторичиња, кои по примерот на нивниот шеф од Муртино, „јадат живи луѓе“. Градоначалникот на Лозово не е исклучок во низата на функционери на СДСМ кои со граѓаните се однеусваат како кон стока. Таков е и последниот пример кој се случил вчера, а како што пренесуваат од партискиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Лозово, не бил ниту прв – објави “Инфомакс”.

Соопштението на локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ од Лозово го пренесуваме во целост:

„Почитувани,
Денес Градоначалникот на Општина Лозово, видно изреволтиран од содржината на флаерите и плакатите кои беа поставени по сите улици во с.Лозово а имаат за цел да ги покажат штетните последици од договорот за кој граѓаните треба да се изјаснат на претстојниот Референдум, влегол во просториите на Локалната самоуправа држејки во рака неколку искинати и стуткани флаери и истите ги фрлил кон еден од родителите на Претседателот на Општинскиот Комитет Лозово притоа упатувајки со висок тон навреди и закани!!

Цитирам:„Кажи му на син ти да престане да ми иде на живци и да ми создава проблеми оти ќе се јавам да ги набркаат и него и брат му одма, ке летат како куфер на царина, а ти од понеделник прва ке си седиш дома-така да си знаеш!!“ „Ке видите кој сум ја,со кого сте си фатиле работа“ Потоа следела наредба упатена кон дел од вработените административни службеници да ја поминат секоја улица и да ги искинат сите плакати, во спротивно ке бидат казнети!

Ова не е прв пат да бидат омаловажувани и уценувати вработените во локалната самоуправа и основното Училиште М.М.Брицо.. Имено им биле поделени беџови со логото „За Европска Македонија“ кои требало да ги носат за време на посетата на Ременски.

За нас како Општински комитет, ова што го прави СДС, претставува срамен и кукавички чин. Свесни се дека тоа што се обврзале да го прават пред нивните налагодавци нема да остане премолчено од ВМРО-ДПМНЕ, па затоа посегнаа на ваков најбрутален начин да се пресметуваат со нас, откако претходно работеа на создавање на подлога.

Водени се од омраза, гнев и обврските кон налагодавачите, но ова нема така да помине, и ако мислат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го преспие ова, длабоко се излажале! Сакаме да објавиме дека конструктивноста кои некои ја нарекува попустливост во нашето делување завршува денес!!“

СДС делува на криминален и организиран начин со цел рушење на државните и националните интереси, и ние како Општински Комитет ќе направиме се што е потребно за да се докаже тоа! Ке побараме одговорност пред државните органи за сите овие лица кои сега јаваат на бранот на еуфоријата, мислејќи дека времето почнува и завршува со нив, и дека вечно ќе им трае ова ситно задоволство, а воедно ги охрабруваме сите кои ке бидат уценувани и под било каква закана ќе се обидат да ги примораат да излезат на претстојниот референдум да не известат нас и да покренат соодветна судска постапка пред надлежниот суд.

Со Почит,
Општински Комитет Лозово




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.