Уште еден кадар од времето на Бранко Црвенковски се враќа во СДСМ

Социјалдемократите утре одржуваат Централен одбор на кој се очекува да биде предложено ново партиско раководство и да биде промовиран Советот за креирање и имплементација на политики.

Со Советот, според неофицијалните информации би раководел поранешниот пратеник на СДСМ, Игор Ивановски-Шема.

Со партиски ангажман во СДСМ се враќа и поранешниот пратеник и екс градоначалник на Општина Карпош, Андреј Петров.

– Да, разговаравме со претседателот Ковачевски, но не зборувавме за тоа на која позиција ќе бидам поставен. И јас ги читам написите, но ајде да почекаме до утре, оставам на Ковачевски и на органите и телата на партијата да го утврдат тоа – изјавил Петров за Нова ТВ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.