Уште еден голем меѓународен успех за џудо клубот “Бушидо” од Прилеп

Џудо клубот “Бушидо” од Прилеп во вчера учествуваше на Меѓународниот џудо турнир во Ниш, Србија. Боите на клубот ги бранеа 15 такмичари и истите се закитија со 15 медали, а девојките во категорија постари пионерки се закитија и со пехар.

Ова се освојувачите на медали:
– Илчо Малиновски- 3 место; Михаил Ацески- 3 место; Давид Мицески- 3 место; Стефан Талески- 3 место; Кристијан Магероски- 3 место; Милена Божиноска- 3 место; Сара Јанеска- 3 место; Теона Горгиоска- 2 место; Елена Малиноска- 1 место; Михаела Димоска- 3 место; Стефани Илиеска- 3 место; Матеа Илиеска- 3 место; Елеонора Илиоска- 2 место; Тео Петрески- 3 место; Христијан Здравески- 3 место.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.