Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 7 и 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот 7.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Температурата од 15 до 32 степени.
Во Прилеп, сончево со температури до 29 степени.
Утре и за време на викендов претежно во попладневните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни.