На 22.04.2016 (петок) во Домот на култура “Марко Цепенков” во Прилеп, ќе се одржи големиот музички концерт “Гимфест 2016”. Фестивалот е во организација на гимназијата “Мирче Ацев” Прилеп и се одржува традиционално повеќе години.
Овој музички спектакл кој низ годините прерасна во вистинско културно случување предизвикува голем интерес и е вистинско уживање за публиката.
Специјален гостин оваа година на концертот се амбасадорите на македонската етно мелодија и фолклор, музичката група Љубојна.
Влезниците се по цена од 100 денари, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Повелете на ГИМФЕСТ ви ветуваме незаборавно музичко искуство и забава!