Уште два дена до големиот боксерски спектакл во Прилеп: Во сабота професионален бокс на Градски базен (ВИДЕО)

На 22.06.2019 година, со почеток од 19:30 часот, на Градскиот базен “Маркови Кули” – Прилеп, ќе се одржи професионална боксерска ревија за скор на професионалните боксери во Светската професионална боксерска ранг листа.

Од нашата држава во лесно тешка категорија ќе настапи боксерот Ице Трајкоски од Прилеп кој досега има скор 1-1-0. Нашиот Ице ќе боксува против Енсар Осман од Бугарија.

– После долга пауза со нашиот тим ќе организираме боксерски спектакл со одлична сценографија, девојки за рунди, ди-џеј, професионален водител во ринг, мерење и соочување на боксерите на градскиот плоштад во Прилеп во летната бавча на кафе барот “Оникс”, вели Дарко Чатлески – организатор на настанот и тренер на Ице Трајкоски.

– Боксери ќе има од Македонија, Србија, Албанија и Бугарија. Ќе има одлични борби и сите боксери ќе се борат за подобрување на рангот во светската ранг листа, а публиката ќе може да ужива во оваа најплеменита вештина.
Сакаме да ја информираме јавноста дека нашиот тим одлучи доколку имаме временски неприлики ревијата да се одржи во спортската сала на комплексот “Маркови Кули” – додава Чатлески.

Влезниците по цена од 100 денари можете да ги набавите во Кафе бар “Оникс” и “Табу”, како и на билетарницата на градски базен “Маркови Кули”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.