Надарените Александра Трајческа и Марија Костоска од ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ блеснаа на ТВ натпреварот, Пинковите ѕвездички. Дванаесетгодишните музички генијалци, како на светска сцена, го минаа првиот круг.
Трајческа изјави дека í лежи пеењето и сака да го докажи својот талент. Гледајќи ги децата, í никнала желбата да се пријави на аудициите и да го мери гласот со конкурентите во натпејување.
– Имав многу трема и бев возбудена. Откако почнав да пеам, сé си дојде на свое место. Очекувам да се пласира на повисоките кругови – рече Трајческа.
За Костоска, пеењето претставува најголема љубов. Со голема храброст и со поддршка на родителите се пријавила на аудицијата.
– Бев среќна, оти пеев пред популарни и луѓе на голема сцена. Се изненадив од коментарите на жирито – кажа Костоска.
Целото училиште ги бодри двете соученички.
Извор: Неделник Зенит