Ученици од СОУ,,Ѓорче Петров” на практична работа во Шпанија

image-0-02-05-f652872b6f84fd765ee22b9aa677e4c61015b36875443a45c9a538fb08a8de51-V

 Во среда, 08.02.2017 година, ќе почне спроведувањето на втората мобилност од проектот ,,Professional VET cooperation development project‘‘.
Деветнаесет ученици од СОУ,,Ѓорче Петров‘‘ од Прилеп, претставници на медицинската струка и профилите медицинска сестра и физиотерапевтски техничар имаат убава можност да престојуваат осумнаесет дена во Мадрид, Шпанија, заедно со координаторот на проектот, Билјана Рошкоска и професорите – ментори, Соња Николоска и Антигона Димоска.
За време на  практичната работа и обука  учениците ќе  ги развијат и покажат вештините и знаењата добиени во текот на наставата, но ќе ги надградат и  јазичните познавања, ќе  видат друга култура и начин на живот, ќе  се дружат,  осамостојуваат и ќе создадат нови пријателства.
Праксата е совршен искуствен учител и неизоставен дел од средното стручно образование.
Она што како искуство ќе го донесат од Шпанија, учениците ќе го применат во полесно совладување на теоретските часови, а понатаму и за поефикасно извршување на нивната хумана професија.
Проектот е финансиски поткрепен од програмата Еразмус + на Европската комисија и Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.