Ученици од две основни училишта од нашиот град, Климент Охридски и Кире Гаврилоски, ќе ја збогатат меѓународната поетска манифестација Поетско Маркукуле 2023.
Петтоодделенците Марија Колевска, Марија Крстеска, Петар Јованоски и Марко Макалоски со свои лични творби ќе се претстават на литературното читање што ќе се одржи на Камената бина на 12.08.2023 во 18ч во присуство на докажани познати домашни и странски поети.
Манифестацијата за прв пат е одржана во 2007 година и секоја следна година станува побројна со домашни и поети од другите држави.
Огромна чест за нивните ментори Катерина Макалоска и Фросина Ристеска, е што ги поттикнуваат и најмладите да творат и ја збогатуваат ризницата на македонската поезија.