Ученици од Битола наградени со 6.000 долари – изработија уред за чист воздух (ФОТО)

Шест ученици од Техничкото училиште “Ѓорѓи Наумов” од Битола, под менторство на професорката Александра Колевска-Јовановски, освоија прво место на првиот Climathon одржан во Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола.

Тие развија уред со напредни сензори за мерење на квалитетот на воздухот, поврзан со апликација која овозможува следење на загаденоста во реално време.

Настанот беше организиран со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан, имплементиран од CEED Hub Skopje, во партнерство со Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола при Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола и Општина Битола – официјална страница.

Во победничкиот тим учестуваа учениците од СОТУ “Ѓорѓи Наумов”: Димитар Србиновски (IV-4), Ристијан Ристески (IV-9), Никола Алексовски (IV-9), Емилија Југовска (III-4), Христијан Атанасовски (II-6), Андреј Манасиев (II-6) под менторство на професорката Александра Колевска.

Тимот напорно работеше со цел да ја реализира идејата за иновативното еко решение со што ќе се придонесе за заштита на животната средина и енергетската ефикасност, како и за примената на обновливлите извори на енергија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.