Ученици и професори од Италија, Португалија, Полска… денеска во посета на општина Прилеп

Денес во просториите на Општина Прилеп, градоначалникот Борче Јовчески оствари средба со присутните гости (ученици и професори) од Италија, Португалија, Полска, Турција и Романија во рамките на Еразмус+ проектот со наслов ,,Unification in diversity”.

Координатор на проектот е професорката Билјана Тошеска од СОУ „Ѓорче Петров“.

Учење за различните култури, обичаи, традиции, карактеристични занаети, етнолошки обележја , традиционална храна, спортски активности, спроведено низ дружење, истражување, работа , игра, забава овозможи проектот ,,Unification in diversity”.

„Ми претставува чест и задоволство што нашата општина Прилеп континуирано работи на проекти од Еразмус програмата и остварува соработка и разменува искуства со многу градови и училишта ширум Европа.“ – истакна градоначалникот Јовчески.

Крајната цел на проектот е зближување на различните ентитети на многу едноставен , природен и за учениците интересен начин . Тоа успешно се остваруваше со секоја посета на државите- партнери.

Воедно на сите учесници им беа доделени сертификати за учество во проектот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.