Ученици денеска подаруваат книги во центарот на Прилеп – ги има 250 од различни жанрови, побрзајте!

По повод месецот на книгата Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ од Прилеп ја првпат спроведува акција за подарување на книги на граѓаните на Прилеп.

Станува збор за околу 250 книги од различни жанрови кои денеска (8.11.2025) со помош на учениците од ООУ ,,Климент Охридски” и ООУ ,,Кире Гаврилоски” ќе им бидат подарени на случајните минувачи низ центарот на Прилеп со цел да се промовираа книгата како незаменливо средство за наобразба и да се поттикне читањето како важна човекова активност.

Целата организација на настанот се реалзира со ресурси и средства на здружението ЗОКУМ.

– Истовремено со книгозастанувачите (букмаркерите) кои се наоѓаат во книгите а ќе бидат подарок заедно со книгата, ги покануваме сите граѓани на нашата шеста по ред поетско-музичка вечер ,,Љубење со стихови” која ќе се одржи на 13.11.2025 во фоајето на НУЦК ,,Марко Цепенков” од 19.30 часот- велат од здружението.

Во соработка со граѓаните, културните, образовните и научните институции, со другите граѓански организации и со медиумите ЗОКУМ и натаму продолжува со низа активности во областа на образованието, културата и уметноста.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.