Како дел од нивната интегрирана настава и по повод месецот на книгата, наставниот кадар во состав Јулијана Талеска, Билјана Наумоска-Шукуроска, Весна Јонзоска, Моника Јанкулоска и дефектологот Светлана Миоковиќ-Томеска, го одбележаа овој месец со низа активности.
На часот во просториите на Друштвото за есперанто – Прилеп присуствуваа учениците од додатната настава по македонски јазик, математика и англиски јазик. Учениците беа запознати со јазикот есперанто. Неговото создавање, начинот на употреба и примена во светот. Тие имаа можност да видат како изгледа текст напишан на есперанто и кои луѓе го користеле. Воведувањето во светот на есперантото го направи господинот Виктор Галески, на кој му сме многу благодарни. Поради неговото исцрпно предавање дел од учениците пројавија интерес во иднина да го научат јазикот.
Со оваа посета се завршуваат планираните активности на наставиците од ООУ „Климент Охридски“ по повод Месецот на книгата.