Учениците од ООУ “Блаже Конески” Прилеп уживаат на часовите по историја: Беа во посета на Ваташа и се поклонја пред споменикот на 12-те стрелани младинци од бугарскиот нацистички окупатор (ФОТО)

На ден 11. ноември, учениците од 9-то и 8-мо одделение при ООУ ,,Блаже Конески”-Прилеп, заедно со наставникот по историја Горјан Василевски, беа на еднодневна екскурзија во кавадаречкото село Ваташа.

Во април 1941 година селото било дел од бугарската окупациска зона. Од самиот почеток, жителите на Ваташа не ја прифаќале новата власт и активно се вклучиле во народноослободителното движење. На 16 јуни 1943 година, бугарските окупаторски војници стрелале 12 младинци од селото, и тоа: Васил Хаџи Јорданов, Ферчо Поп-Ѓорѓиев, Диме Чекоров, Блаже Ицев, Ванчо Гурев, Пане Џунов, Данко Дафков, Илчо Димов, Герасим Матаков, Пане Мешков, Ристо Ѓондев и Перо Видев, како дел од Ваташкиот масакр. Во нивна чест е изграден и споменикот во близина на селото, кој учениците го посетија.

Учениците положија цвеќиња и оддадоа почит на загинатите, а потоа се упатија кон познатото излетничко место Моклиште и ја посетија црквата ,,Св. Никола” во Моклишкиот манастир.

Целта на ваквите екскурзии е учениците одблиску да се зазпознаат со сведоштвата на нашата поблиска и подалечна историја, и само вака на најдобар начин може да се пренесе знаењето и истото да остане во трајна меморија кај најмладите.

Секоја чест за наставникот, а останатите, следете го ваквиот пример!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.