УХМР со ново предупредување: Доаѓа нов циклон – еве што не очекува денеска

Под влијание на циклонска активност од Медитеранот во следните денови продолжува периодот на променливо и нестабилно време со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи (над 20 л/м2), грмежи, засилен ветер и појава на град, особено денес попладне и во недела, се вели во метео-предупредувањето издадено денеска од страна на УХМР.

Денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.