УХМР со вонpeдна нajaва за времето утре: Разладување, па одново сонце

За утре попладне и во петок се најавува промена на времето со локален пороен дожд и грмежи во јужните делови од државата.

Во петок, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува и засилен северен ветер.

Веќе од сабота повторно следува период на стабилно време, но со пониски утрински температури.

За утре се очекуваат температури во интервал од 24 до 32 степени, а врнежи од дожд се очекуваат во југозападниот дел на државата.

А ова е временската прогноза за престојниот викенд:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.