Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Од понеделник следува период на променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.