УХМР предупредува: Следува невреме – од петок голема промена на времето

Променливо облачно време со повремен локален дожд ќе преовладува и денеска во Македонија. Во јужните делови од државата се очекуваат пообилни врнежи. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер, особено на запад и североисток.

Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а дневната од 15 до 22 степени. УВ-индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје, слично време со повремен локален дожд и ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

До четврток времето ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд. Најобилни врнежите ќе бидат во јужните и југоисточните делови, каде од целиот бран на повеќе места се очекува да наврнат над 50 л/м2, а локално и над 75 л/2 дожд.

Од петок се најавува посончево време со значителен пораст на дневната температура.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.