УХМР најавува драстична промена на времето – временска прогноза за наредните денови

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната од девет до 17 степени.

До вторник ќе се задржи стабилно време со релативно високи температури за овој период од годината. Поголема промена на времето ќе има од вторник кон крајот на денот, која ќе биде проследена со зголемување на облачноста, засилен ветер и значително опаѓање на температурата. Во текот на ноќта кон среда и во среда во пониските места ќе има врнежи од дожд и снег, а на планините и повисоките места од снег.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.