УХМР најави невреме: Ако грми и врне на Ѓурѓовден, има само едно значење

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, а од пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни во форма на невреме со можна појава на град.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната температура од 17 до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува шест.

Вo понеделник ќе биде особено нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Процесите ќе бидат поинтензивни на запад и на југ, каде што ќе има и почеста појава на град. Во вторник и среда ќе биде малку посвежо со повремени врнежи од дожд претежно во попладневните часови, а условите за нестабилност ќе бидат помали.

Со оглед на тоа што денеска е големиот празник Ѓурѓовден, ако има невреме и дожд се смета дека сушна ќе биде цела година, ако е убаво времето ќе биде плодна годината.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.