Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне, претежно во северните и западните делови, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната од 28 до 38 степени. УВ=9.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер, попладне со услови за локален пороен дожд и грмежи.
Температурата од 17 до 32 степена.