Утрово најстудено во Прилеп, Битола и Берово, измерени -4 степени

Најстудено изутринава со измерена минимална температура од -4 степени е во Тетово, Битола, Прилеп и Берово, а најтопло со измерени 0 степени во Охрид, Претор, Виница, Гевгелија и Kрушево, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Струмица и Кавадарци измерени се -3, во Скопје-Петровец, Штип, Куманово и Mаврови Анови -2 и во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Велес и Демир Капија -1 степен.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.