Утрово измерени -9 степени на Попова Шапка: Прилеп и Битола 0, а еве какво време не’ очекува денеска

Минус девет степени се измерени изутрина во седум часот во Попова Шапка, каде има снежна покривка од 11 сантиметри. Четири степени по нулата се регистрирани во Маврови Анови и Крушево, – 3 во Лазарополе, -2 во Берово, Претор и во Дебар, -1 во Охрид, 0 во Битола, Прилеп, Крива Паланка, Струмица, 2 во Тетово, Виница, Куманово, 3 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија, а 6 во Гевгелија и во Дојран.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролоѓки работи (УХМР), во текот на ноќта и утрово преовладува облачно време, освен во југозападните делови и на крајниот југоисток каде утрово е сончево со мала облачност. Дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.