По повод верскиот празник Блоговец денот на радосната вест и пролетната убавина, пратениците Ане Лашкоска и Димитар Стевананџија присуствуваа на утринската литургија во црквата „Св. Благовештение“ со која чиноначалствуваше Г.Г Стефан.
Прилепчани ја почитуваат долгогодишната традиција и со сите верски обреди го одбележаа овој голем христијански празник. Пратениците користејќи ја оваа пригода на сите православни граѓани им го честита светиот ден Благовец посакувајќи им благосостојба и добро здравје.