Во рамки на 17-то коло од Втората кошаркарска лига, екипата на Мега Баскет од Прилеп, утре (сабота), со почеток од 19:00ч, во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, го дочекува Борец.
По високиот триумф минатото коло на гостувањето кај Тетекс, прилепчани влегуваат мотивирани и во овој натпревар и веруваат дека одново ќе ги израдуваат вљубениците во кошарката во Прилеп.
Мега Баскет се наоѓа на осмото место на табелата со 6 триумфи и 10 порази, а Борец две места подобро рангиран со 8 победи и 8 порази.
Значи утре сите во сала! Овие момчиња заслужуваат поддршка!