Утре сите во сала! Мега Баскет го дочекува Куманово во првиот натпревар од Втората кошаркарска лига

Викендов започнува првенството во Втората кошаркарска лига, во која екипата на Мега Баскет од Прилеп избори пласман со одличните резултати минатата сезона.

-Конкуренцијата е далеку посилна, па затоа и предизвикот е далеку поголем. Ростерот на екипата во најголема мерка е истиот, со мали промени кои се надеваме дека ќе го подигнат квалитетот на двете страни од теренот – велат од Мега Баскет.

Првото коло го прилепската екипа го игра на домашен терен, а противник е “довчерашниот” прволигаш – екипата на КК КУМАНОВО 2009. Терминот е добро познат (сабота, 07.10.2023 година, 19:00 часот), а локацијата исто така – салата на ООУ “Добре Јованоски”.

Главен спонзот на тимот е “Прилепска пиварница”, а спонзори се и “Комфи ангел”, “Бимфуд” и “Матадор”.

На натпреварот од сениорите ќе претходи и дуел на младите екипи до 16 години меѓу Мега Баскет – ТФТ Скопје. Овој натпревар се игра со почето од 16:00часот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.