Утре сите во сала: Дали Мојсов ќе го надмудри стариот лисец Темелковски?

Во рамки на деветтото коло од ракометната Супер лига, РК Прилеп утре во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, ја пречекува екипата на Пролет 62.

После 8 одиграни кола, прилепчани забележаа само 2 победи, а на салдото имаат еден нерешен резултат и дури 5 порази, што е далеку од очекувањата на спортските вљубеници во градот под Марковите Кули.

Пролет од друга страна имаат 4 победи и 4 порази и со 12 бода се наоѓаат на четвртото место на табелата.

Ако прилепчани сакаат да се задржат во трката за место кое носи во плеј-оф разигрувањето, тогаш победа на утрешниот натпревар е императив.

Момците на Боби Мојсов ќе мораат да одиграат натпревар без грешки против стариот лисец Илија Темелковски, за кого ова ќе биде прв натпревар на клупата на Пролет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.