Советниците во Советот на општина Прилеп, утре (22.08.), со почеток во 9 часот, ќе ја одржат 47-ма седница на Советот на Општина Прилеп, а на дневен ред се 29 точки.
Најголем дел од точките се однесуваат на усвојување на годишните извештаи за работата на училиштата, но предвидено е да се гласа и за констатирање на престанок на мандатот на член на Советот. Станува збор за мандатот на д-р Кире Јоноски, кој беше советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, и кој од минатата недела ја презеде функцијата директор на прилепската болница “Борка Талески”.
Според советничката листа на владеачката партија од локалните избори во 2021 година, нареден на листата кој треба да седне во советничките клупи е Александар Алексоски.
Покрај тоа советниците ќе гласаат и по следните точки:
-Предлог-Решение за измена и дополнување на Решението за за формирање Комисија за општествени дејности и права на децата.
-Предлог-Измени и дополнувања на Буџет на Општина Прилеп за 2024 година.
-Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на проектот “Изградба на фабрика за рециклирање на отпад”.
-Предлог-Измени и дополнувања на План на развојни програми на Општина Прилеп за 2023-2025 година.
-Предлог-Измени и дополнувања на Програмата за субвенционирање на јавните комунални претпријатија за 2024 година.