Утре Прилеп ќе го погоди земјотрес од стотици мотори: Мото Фестивалот се враќа по две години

После две години пауза „Мото Фестивал“ во Прилеп! Во сабота на 20 мај 2023 во центарот на градот, Прилеп ќе биде центар на мотоциклизмот во Република Македонија.

Во организација на Здружението Мото клуб „Рисови“, низ прилепските улици ќе поминат моторџии од цела Македонија.

Освен дефиле на моторцикли, настанот ќе биде збогатен со музичка понуда. На камената бина на плоштадот “Александрија” ќе настапат Five Wire и Crossroad Blues Band.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.