Утре поетско музичка вечер насловена како “Љубов и вино” во фоајето на ЦК “Марко Цепенков”

Поетско музичка вечер насловена „Љубов и вино“ ќе се одржи на 14 февруари 2023, вторник, од 18 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“, со што ќе бидат одбележани празниците св. Трифун и Денот на љубовта.

Манифестацијата која ќе има мултимедијален карактер ја реализираат Центарот за култура и Клубот на литературни творци – Прилеп, при што дваесетина поети ќе презентираат поезија.

Освен што ќе се чуе убавиот стих, ќе има и музика, со што на ваков оригинален начин ќе бидат одбележани двата празници, а со ова практично Центарот ги започнува годинешните активности, во кои во голема мера ќе бидат вклучени и поетите и литератите од градов.

Посетителите не само што ќе можат да уживаат во убавиот пишан збор и музиката, туку ќе вкусат и убаво прилепско вино.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.