Регулаторна комисија утре треба да ги утврди новите цени на горивата во Македонија.
Нафтата на светските берзи во поглед на минатата недела беше речиси стабилна со мали флукатиции и не треба да се очекува некоја поголема промена на цените.
Цената на горивата минатата недела се зголеми за половина до 1,5 денари по литар.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за половина денар по литар и изнесува 54,5 денари. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапи за еден денар по литар и чини 57 денари.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 1,50 денари за литар се продаваат за 47, односно за 35 денари.