Утре нова цена на горивата: Еве што може да се очекува

Утре напладне Регулаторна комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата на Македонија.

Со последната промена пред две недели, малопродажните цени бензините од полноќ се намали за 4,5 денари, на дизелот за три денари, а на екстра лесното гориво за 3,5 денари, најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Билсимовски.

Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53 ден/лит.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 денари за литар.

Утре се очекува повторно намалување на цените, бидејќи цената на суровата нафта е во слободен пад.

За помалку од 2 недели, цената е пониска за 10 долари за еден барел, што гарантира големо, можеби и историско намалување на малопродажните цени на горивата во Македонија.

За очекување е секој од дериватите да поевтини за околу 5 денари по литар, доколку Регулаторната комисија за енергетика се држи до пресметките.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.