Утре е Свето Благовештие: Празник на Пресвета Богородица, се верува дека птиците ќе дојдат од југ дури и да врне снег

Утре го празнуваме големиот празник Благовец. Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки.

Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Утре наутро бакнете ја мајка ви!

На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат.

На Благовец жените кои не родиле, а сакаат, треба да се помолат пред иконота на Богородица. Исто така ова е добар ден за чистење на куќата. Новиот почеток е симбол на утрешниот празник, па чистењето на куќата е пожелно. Исфрлете се она што е непотребно и поради што се чувствувате лошо.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници од југ – штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и други.

Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.