Луѓето утре ќе се поздравуваат со радосниот поздрав:”Христос воскресна – Навистина воскресна”.
Утре е најголемиот христијански празник, затоа што на тој голем ден се исполни очекувањето и желбата на сите праведници. Воскресението го означува преминувањето на Исус Христос од смрт во живот, од земјата во вечниот небесен живот. Утре се оди во црква и се даваат јајца, но одредени работи не смеат да се прават.
Воскресението Христово уште се нарекува ПАСХА.
На најрадосниот празник, според обичаите, му претходи седумнеделен велигденски пост, кој е најдолг во годината.
Едно од јајцата кои домаќинките ги бојадисуваат на Велики четврток мора да биде во црвена боја, како симбол на животот, а неговата црвена боја ја симболизира желбата за здравје и напредок.
На Велигден домаќинката го буди рано семејството да се измијат со вода, а потоа се оди во црква, на утринска и Велигденска литургија. Во црква се носат јајца.
Според народните верувања, на овој голем ден две работи мораат да се избегнат. Всушност, се верува дека на овој ден не треба да се будите касно или до доцна да лежите во кревет … Се верува, дека тоа ќе донесе “застој во вашиот напредок”.
А.Г.