Утре голем народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” во Прилеп

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп ги повикува сите членови, симпатизери и граѓани на општина Прилеп на голем народен митинг во петок (12.04.2019), со почеток од 20:30 часот, на градскиот плоштад “Методија Андонов – Ченто”.

“Да застанеме сите зад правото и правдата во Република Македонија и да ја поддржиме Професорката Гордана Силјановска Давкова за иден Претседател на државата. Доаѓа крајот на владеењето на оваа одродена власт, а првиот чекор до победата се токму претседателските избори. Македонија ќе добие жена за Претседател!”, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

На митингот свое обраќање ќе имаат кандидатката за претседател на државата Проф. Д-р Гордана Силјановкса Давкова и лидерот на партијата, Проф. Д-р Христијан Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.