Утре во центарот на Прилеп – музичари, акробати, театарски групи и перформери од земјава и странство

Општина Прилеп со големо задоволство Ве поканува на уличниот фестивал „Баскерфест Караван 2025“, кој по неколкугодишна пауза повторно се враќа да ја разбуди уличната магија, културата и забавата!

📍 Локација: Плоштад Методија Андонов-Ченто Прилеп
📅 Датум: 28 август 2025
🕖 Време: 19:00 часот

Фестивалот ќе донесе спектакуларни настапи на уметници од Македонија и странство, музичари, акробати, театарски групи и перформери од најразлични жанрови. Очекувајте уникатни изведби исполнети со уметност и смеа.

Да го оживееме центарот на Прилеп заедно!

Да му дадеме нова енергија на градот и да уживаме во вистински спектакл на отворено!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.