Утре во центарот на Прилеп: Дефиле на моторциклисти

13592366_267178030325709_678062585845866488_n

Мото клубот “Sons of  thunder MC Macedonia – Prilep” во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и Министерството за внатрешни работи, утре 08.07.2016 со почеток од 12:00 часот, организира заеднички проект насловен како “Безбедноста на моторциклистите во сообраќајот”.

Настанот опфаќа:

  • Презентација на целокупната опрема која треба да ја поседува секој кој управува со мотор, скутер…
  • Симулативна показна вежба од страна на Црвен крст и Итната медицинска помош на сообраќајна незгода на моторциклист
  • Дефиле на моторциклисти со полна опрема

Од клубот ги канат сите мото клубови, моторџии, да земат активно учевство во овој настан, со напомена задолжително да носат заштитна опрема.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.